„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
„Наши права, наша иднина“ е мотото под кое годинава се одржува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“. Јубилејот става акцент на достоинствената работа, економската сигурност, како и на платата за живот и подобрувањето на условите за работа. „Текстилијада“ низ годините прерасна во платформа за отворање прашања поврзани со работничките права, условите за работа и социјалната сигурност.
- Секогаш кога има дијалог и кога гласно се зборува за состојбите, сметаме дека можат да се создадат позитивни искуства. И на работниците, но и на сопствениците на капитал, им е потребен пренос на знаење и позитивни искуства. Кога има одредени проблеми, тие мора да се презентираат за да бидат променети, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Преку конференции, дебати, работнички сведоштва, работилници и културни настани, ќе се одбележат и десет години работа на здружението „Гласен текстилец“ во областа на работничките и женските права.
- Сменивме закони, донесовме и нови. Водевме меѓународни постапки и имавме над 500 судски спорови. Тука е и недела неработен ден, како и зголемувањето на минималната плата. Тоа беше наша прва битка уште во 2017 година, бидејќи тогаш платите на текстилните работници беа особено ниски. Но, остануваат и проблемите, отказите на бремените жени, договорите на определено време и ниските плати. Останува и проблемот со дел од институциите кои сè уште се затворени за соработка, изјави Кристина Ампева, „Гласен текстилец“-Штип.
Посебно внимание ќе биде посветено на методологијата за плата за живот, која за првпат е изработена во Македонија.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
