-->
-->
Температурата ќе се искачи над 51 степен - прогласен неработен ден поради високите температури
-->
Владата на Ирак денеска објави неработен ден поради горештините. Одлуката е донесена откако температурите во државата достигнаа 50 степени Целзиусови.
Тоа е првото предупредување за опасни горештини издадени од властите ова лето.
Неработниот ден се однесува за сите вработени во јавниот сектор.
Ирачката Метеоролошката служба предупреди дека денеска во голем дел од земјата температурата на воздухот ќе се искачи над 51 степен.
Минатата година температурите достигнаа 51 степен во Багдад и 53 степени во Басра. Тоа ги натера властите да објават задолжителен дводневен одмор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата