-->
-->
Трамп: Грета Тунберг ме победи во трката за насловна страна на „Тајм“
-->
Непосредно пред заминувањето од Давос, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да ја слушне шведската активистка Грета Тунберг како зборува на Светскиот економски форум.
Трамп изјави дека Тунберг го победила во трката за насловната страница на магазинот „Тајм“, алудирајќи на изборот на списанието за „Личност на годината“.
Тој вчера зборуваше за климатските промени, додека Тунберг седнеше во публиката, а еден час подоцна таа го повтори она што го кажа минатата година: „Нашата куќа сè уште гори. Вашата неактивност го разгорува огнот“.
Пред да го напушти Давос, Трамп им рече на новинарите дека сакал да го слушне говорот на Грета. Тој оцени дека Тунберг треба да го пренасочи вниманието од САД кон другите земји каде што загадувањето е многу поголемо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости