Трамп најави кандидатура за Белата куќа во 2024 година
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вчерашниот говор на конференцијата за Конзервативна политичка акција (КПАК) навести кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украдоа“ изборите во 2020 година.
Си-Ен-Ен наведува дека Трамп од говорницата на КПАК во Орландо се обидел да ја врати својата и да обезбеди најголемо влијание во Републиканската партија пред меѓуизборите во 2022 година.
– Далеку од тоа дека нашето неверојатно патување ќе заврши. Ќе победиме, а Америка ќе биде посилна и поголема од порано, рече Трамп.
Иако има истакнати критичари во партијата, повеќето републиканци застанаа на страната на Трамп за време на конференцијата во Орландо, додека државните и локалните партиски претставници почнаа да ги осудуваат републиканските пратеници кои го поддржаа неговото отповикување, инфомира телевизијата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори