Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
Американскиот претседател Трамп прогласи крај на војната со Иран, Техеран официјално не потврдил, но иранските медиуми објавуваат наскоро потпишување на договорот. Постигнат е значителен напредок и можен параф Трамп најавува за викендов. Би се потпишал во некоја европска земја, најверојатво во Швајцарија, но тој нема да присуствува, туку потпретседателот Венс.
Трамп тврди дека главната цел – Иран да не дојде до нуклеарно оружје – е постигната, а Ормутскиот теснец ќе биде отворен наскоро.
Сепак иранското министерство за надворешни работи вели дека конечната одлука за крај на војната се уште не е донесена. Се чекаат безбедносни гаранции, укинување на санкциите, повлекување на американските сили од околината на Иран, ослободување на 24 милијарди долари замрзнати средства во странство.
Сетоа ова е ставено во Меморандумот за разбирање , додека прашањата за нуклеарната програма и решевање на статусот на Ормутскиот теснец., ќе се решаваат во втората фаза. Преговорите за нив би сењ воделе во рок од 60 дена по потпишување на меморандумот. Според иранските медиуми Техеран нема да дозволи друг да управува со Ормутскиот теснец, ниту пак да се врати во состојба која постоеше пред да избие војната.
Меморандумот содржи само одредби за нормализација на поморскиот промет и укинување на американските блокади на иранското пристаниште.
Целосен прекин на огнот и постигнување на договор бара и генералниот секретатр на Обединитетите нацаии, Антонио Гутераш,, чија порака за пренесе портпаролот
„Тој ги повикува страните да се вратат на целосно спроведување на прекинот на огнот и да избегнат какво било понатамошно влошување, кое, како што изјави вчера пред Советот за безбедност, би можело да предизвика целосно продолжување на конфликтот, со непредвидливи последици за регионот и светот, особено за најранливите земји“, изјави портпаролот Стефан Дужарик.
Гутереш ги повика двете страни да ги удвојат своите напори „кон мирен, сеопфатен и траен договор што ќе го унапреди регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, рече Дужарик.
Изјавите за крај на војната веднаш се одразија на берзанските пазари, кои бележеа раст, додека цената на нафтата значително падна. Денеска барел се продаваше по околу 87 долари, цена која е најниска во последните два месеци.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
