Македонија
15. July 2026 - 12:11
Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
Неопходно е да се работи на збогатување на гастрономската понуда во главниот туристички центар. Менијата секаде низ градот се слични ако не и идентични и во нив сеуште преовладува стандардната кујна. Проблемот според познавачите е слабиот интерес кај сопствениците за нешто ново, модерно и креативно во подготвувањето на храната.
Идеалното мени за туристичкиот центар би требало да започнува и завршува со домашни производи и национална храна во комбинација со добра услуга и амбиент.
Добрите познавачи посочуваат дека иако има дел од рестораните кои нудат автентичност во кујната сепак мора да има подобрување на гастрономската понуда и институционално да се поработи на создавање едуциран кадар и подигнување на професијата на едно повисоко ниво.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
