Тренд на интелектуална миграција
Македонија е една од земјите лидери по застапеноста на жените во науката.
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид е еден од позитивните примери каде за разлика од минатото денес повеќе од 50% се студентки кои се веќе реализирани професионално во значајни информатички фирми а дел од нив имаат и свои бизниси.
Жените се идентични по прашањето на родовата рамноправност, но се повеќе е застапен трендот на интелектуална миграција студентките да бараат стипендии надвор од државата, за нив вратите на компаниите се ширум отворени.
Државата, образовните институции и општеството прават напори девојките и жените да се мотивираат да го дадат најдоброто од себе и да го добијат заслуженото место во науката но потребна е уште поголема подршка со цел во иднина да има уште повеќе млади кои ќе придонесуваат за развојот на државата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар