Три сообраќајки во Тетовско
Шест лица се повредени во три одвоени сообраќајни несреќи што се случија вчера во Тетовско, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во првата сообраќајка што околу 10 часот и 30 минути се случила на улицата Браќа Миладиновци во близина на основното училиште Истикбал во Тетово, со тешки телсни повреди се здобило 10-годишно девојче.
Девојчето е надвор од животна опасност. Според полицискиот увид, веројатно невнимателно ја преминувало улицата при што било удрено од две возила, Шкода Октавија управувана од Н.М.(58) и Фолксваген Поло управувано од И.Б. (36), исто така жители на Тетово. Веднаш потоа било префрлено во тетовската клиничка болница.
Другите две сообраќајки се случиле скоро во исто време, околу 13 часот и 20 минути, на приближно исто место, кај натпатникот за Палчиште на автопатот Тетово - Гостивар.
Во првиот случај возачката Р.Р. (44) од Тетово загубила контрола на автомобилот БМВ што го управувала по што возилото излетало од патот и се превртело. Со телесни повреди се здобиле возачката и двете сопатнички, 17-годишна жителка на Тетово и 18-годишна жителка на гостиварското село Градец. Сите три се префрлени во тетовската болница и по укажаната лекарска помош се пуштени дома. Според полицискиот увид, причина за сообраќајката е неприлагодена брзина, а причинетата материјална штета се проценува на околу 60 илјади денари.
Во вториот случај, во близина на истото место се судриле две возила, Сеат Кордоба управувано од М.М. (73) од Скопје и Ауди А4 управувано од Б.И.(42) од тетовско Горно Седларце. Повредени се возачот на Аудито и неговиот 51-годишен сопатник кои по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле пуштени на домашно лекување. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари. Полицијата работи на утврдување на причините што довеле до оваа сообраќајка.
Ново на Сител
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни
-
По прегласувањето во ИЕ 6 „Европски фронт“ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат, без промени во ИЕ 5
-
Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск
-
Мексико: Девет жртви откако ветер урна дел од бина на предизборен настан
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите