Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си.
- Доколку стапат на сила тарифите на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
„Канада нема да ја остави оваа неоправдана одлука без одговор“, рече Трудо.
Тој ја повика американската администрација да ги преиспита своите тарифи и рече дека Канада „останува непоколеблива“ во одбрана на својата економија, работни места и работници.
- Нашите тарифи ќе останат на сила се додека не се укинат американските трговски дејствија, а ако не се укинат американските тарифи, ние сме во активни дискусии со провинциите и териториите за спроведување на неколку нетарифни мерки, рече тој.
Ново на Сител
-

Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
