Туристичкиот сектор кубури со кадар
Охридските хотелиери и угостители сеуште кубурат со кадар. Недостигаат келнери,кувари,рецепционери,технички персонал но и менаџери за храна и пијалок .Тие се жалат дека оние кое се веќе вработени во индустријата често заминуваат на подобро платениот регионален пазар.Станува збор за проблем кој неколку години наназад се провлекува не само во Охрид, туку и воопшто во земјава.
Увезените работници не го решија проблемот со недостигот од стручен кадар дел од туристичкиот сектор на став дека проблемот нема да се реши, оти се носат лица кои не го познаваат јазикот, културата, навиките
Експертите посочуваат дека ваквата состојба е поради повеќегодишната негрижа за вработените во овој сектор. Сметаат дека е потребна стратегија за да се задржи домашниот кадар.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар