-->
-->
Туристите ќе можат да ја посетат Ибица само со сертификат „Ковид-19 фри“
-->
Туристите кои ќе сакаат да ја посетат Ибица, ќе мора да имаат „Ковид-19 фри сертификат“, за да докажат дека не се инфицирани, изјави денеска претседателот на Советот на островот, Винсент Мари.
Мари додаде дека овие сертификати ќе бидат основен дел од континуираната борба на Шпанија против новиот коронавирус ова лето, кога ќе почне сезоната за туристите.
Шпанскиот премиер Педро Санчес, претходно изјави дека странските туристи ќе можат да доаѓаат во Шпанија од јули.
Ибица е омилена дестинација на Британците, кои генерираат четвртина од вкупниот приход на Островот, а ноќните клубови се очекува да бидат отворени за странските туристи по укинувањето на карантинот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива