-->
-->
Туск утре доаѓа во Македонија поради бегалската криза
-->
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза.
Туск, како што најави неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Првиот човек на Евросоветот од денеска до 3 март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина. Целта на оваа негова мини турнеја, според соопштението од Советот на ЕУ, е „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17-18 март“. Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.
Посетата на Туск на земјите низ кои се протега западнобалканската мигранстка рута е во контекст на неодамнешната одлука на Самитот на Европскиот совет да се врати ситуацијата кога сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“.
- За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите-членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија, се наведува во соопштението на Европскиот совет по повод посетата на Туск на земјите од Западен Балкан.
Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата