-->
-->
Уапсен крадец во Скопје - крадел гориво од автобуси на ЈСП
-->
На 05.06.2023, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(36) од Скопје.
Тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три тешки кражби, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво. Во службен разговор во Полициската станица Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД