-->
-->
Уапсена цела смена цариници - Голема полициска акција во Бугарија
-->
На преминот „Кулата“, кој е најголем на границата меѓу Бугарија и Грција, создадени се километарски колони од возила поради апсење на речиси цела смена бугарски цариници.
Бугарската полиција синоќа уапси 23 лица, меѓу кои најголем број се цариници, во рамки на корупциска истрага.
Портпаролката на Јавното обвинителство, Румена Арнаудова изјави дека организирана криминална група работи од март 2015 година, а освен цариници, во неа членуваат и претставници на транспортни компании, кои давале поткуп со цел нивните камиони да бидат пуштени преку граница без претходна контрола.
Таа нагласи дека полицијата извршила претрес во 83 домови на цариниците, каде биле пронајдени 32.000 евра.
Полицијата во изминатиот период извршила повеќе акции за апсење на цариници во рамки на корупциската истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице