-->
-->
Уапсени двајца крадци од Битола
-->
Двајца битолчани влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и украле повеќе предмети.
- На 04.02.2023 во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети, информираат од МВР.
Како што информираат од министерството, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел
-
Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на Министерството за надворешни работи
-
Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло до 28 степени