Уапсени двајца скопјани и еден битолчанец кај кои била пронајдена марихуана
На 23.04.2020 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лондонска“, го лишиле од слобода М.М.(24) од с.Сарај, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во меѓувреме околу 16.50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола од полициски службеници од СВР Битола, по претходна наредба од Основен суд Битола, ги лишиле од слобода А.Н.(39) од с.Дихово, битолско,
и А.И.(20) од Куманово, бидејќи при преглед над возило и на пријавените, била пронајдена марихуана.
Истиот ден во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“, го лишиле од слобода Г.С.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случаите ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор