Македонија
1. July 2024 - 16:40

Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер

34-годишен маж е убиен, а неговиот помлад брат се бори за живот по филмска престрелка во Батинци. Изрешетен автомобил и триесетина чаури од автоматско оружје сведочат за крвавиот чин. Браќата додека возеле по тесната улица „Седум“ биле пресретнати од германски мерцедес во кој имало двајца мажи. Нивните лица биле покриени со маски. Извадиле оружје и почнале да пукаат.

Според информациите од терен, напаѓачите пукале со автоматска пушка. По нападот побегнале во правец на село Драчевица

Од министерството за внатрешни работи велат дека активно трагаат по избеганите напаѓачи, а актививиран е и хеликоптер кој постојано го надлетуваше регионот.

Во село Батинци, скопско, две лица со патнички моторно возило мерцедес, пукале во две лица во патничко моторно возило форд, при што, едно од лицата починало на самото место, а другото лице со повреди е пренесено во Ургентиниот центар Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздхопловни единици преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот“ – Гоце Андреевски, МВР

За време на увидот забележливо беше засилено полициско присуство и беше блокирана целата улица. На жешкото сонце жителите љубопитно се собираа за да дознаат што се случило.

Не знам, сега идам. Не знам кои се луѓето

Не знам, сега доаѓам од работа

Сега доаѓам, навистина не знам

Засега не е познат ниту идентитетот на напаѓачите, ниту пак мотивот за убиството.