Украина тврди дека пресретнала повик што докажува дека Русија је разнела браната Каховка
Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека пресретнала телефонски повик со кој се докажува дека руска „диверзантска група“ ги разнела хидроцентралата и браната Каховка во јужна Украина, пренесе Хина.
Уништувањето на браната во вторникот предизвика големи поплави, принудувајќи илјадници жители да избегаат од домовите и предизвикувајќи уништување на животната средина.
Русија и нејзините претставници во Украина го обвинија Киев за уништувањето на браната, но понудија различни објаснувања.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) на својот канал Телеграм објави аудио снимка од наводниот разговор во траење од 1,5 минута, а на кој се слуша разговор на двајца мажи како на руски зборуваат за последиците од катастрофата.
„Тие (Украинците) не го нападнаа. Тоа беше нашата диверзантска група“, рече еден човек опишан од СБУ како руски војник. „Тие сакаа, со таа брана, демек, да ги исплашат (луѓето). Тоа не одеше според планот и (тие направија) повеќе отколку што планираа“, кажува едниот од соговорниците на снимката до која дошла украинската СБУ.
Службата не дава повеќе детали за разговорот или идентитетот на учесниците, но најави дека отворила кривична истрага за воени злосторства и „екоцид“.
„Напаѓачите сакаа да ја уценат Украина со минирање на браната и приредија вештачка катастрофа на југот на нашата земја“, објави СБУ.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија