Ураганот Елса ги погоди Карибите и се движи кон Хаити
Ураганот Елса денеска ги погоди Карибите и со силни ветрови се заканува за ново уништување на Хаити, чии ресурси се мобилизирани за борба против насилството на бандите.
Елса, првиот ураган во Атлантикот оваа сезона, малку ослабна во текот на ноќта, со налети на ветер до 120 километри на час.
Во 8 часот беше јужно од островот Хиспаниола, на кој се наоѓаат Хаити и Доминиканска Република, и се движеше кон Северозапад, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).
Според предвидувањата на НХЦ, Елса ќе стигне до јужниот брег на Хиспаниола и во текот на ноќта ќе ја погоди Јамајка, а утре делови од Куба.
Како што наведува НХЦ, ураганот до понеделник треба да помине преку Куба и да стигне до Флорида.
Ураганот може да го подигне нивото на морето за 1,5 метар во јужна Куба и околу 1,2 метри на брегот на Хиспаниола, а помалку од еден метар во Јамајка.
Властите во Хаити го зголемија нивото на тревога на црвено, максимумот за целата земја.
„Силните налети на ветрот достигнуваат од 118 до 130 километри на час, а можни се и силни поплави и свлечишта, особено на југот на земјата“, предупреди Цивилната заштита на Хаити.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
