Уште двајца повредени во трката со бикови во Памплона
Две лица се повредени денеска во трката со бикови што традиционално се одржува во градот Памплона во северна Шпанија. Тие меѓутоа, не биле прободени со рогови, какви што беа некои случаи претходниве денови.
Заменик-директорот на регионалната болница, Томас Белсунеги изјави дека еден маж го скршил зглобот, а другиот си ја удрил главата.
Трката со бикови долга 850 метри, денеска траеше нешто повеќе од две минути, со што е најбрзата трка за годинешното издание на фестивалот.
Фестивалот на Свети Фермин трае девет дена, при што секое утро посетителите бегаат пред бикови, коишто пак, потоа учествуваат во борба во арена. Настанот обично привлекува околу милион посетители од цел свет.
Претходно, двајца државјани на САД и двајца Шпанци, беа повредени во трките кои започнаа во неделата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите