Утре во Софија прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија
Првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ќе се одржи утре во Софија согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година.
Со Комисијата, како што информираат од МНР, ќе ко-претседаваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева.
Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, како што информираат од МНР, предвидени се билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски, на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок