Тиа Колман за телевизиската станица WXIN изјави дека од 11 членови на семејството преживеала само таа и внукот.
Таа рече дека во бурата ги изгубила сите свои деца. Рече дека им кажале дека не им требаат елечиња за спасување.
„Ги изгубив сите свои деца, мажот, свекрвата, вујкото, внуците. Јас сум добро, но многу ми е тешко“, рече Колман од болничкиот кревет за Фокс 59.
„Капетанот ни рече да не се грижиме за елечињата, дека нема да ни требаат. Затоа никој не зеде. Потоа беше предоцна. Верувам дека многу луѓе ќе се спасеа“, рече таа.
Капетанот преживеа, заедно со уште 13 луѓе.