Вечерва седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се избира нов Извршен комитет на партијата
Највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ, Централниот комитет денеска попладне ќе одржи седница на која се очекува да биде избран нов Извршен комитет на партијата. Како што информираат од опозициската партија, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња кои како што велат од ВМРО-ДПМНЕ ќе му дадат дополнителна тежина и динамичност.
Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги започна Претседателот Мицкоски веднаш по одржаните избори. Централниот комитет изгласа нов Статут кој беше поздравен како најдемократски од Европската Народна партија. Потоа се избра нов Претседател и нов Извршен комитет на УМС, се распиша оглас за избор на нов Претседател на Унијата на жени а воедно беа назначени нови претседатели на значителен број на општински комитети и тој процес ќе продолжи – брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека на седницата на Централниот комитет која ќе почне во 18:30 часот ќе се расправа и за прашања поврзани со резултатите на изборите.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг