-->
-->
Вее снег низ Македонија - внимавајте ако патувате
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а слаб снег провејува на Попова Шапка и Маврово, на патните правци Крива Паланка-ГП Деве Баир и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ.
Во извештајот од 18 часот на АМСМ информираат дека останува забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Виадукт Трејд известуваат дека денеска и утре ќе се започне со изведување на градежни активности на Експресен пат А3, делница Велес-Кадрифаково (во близина на раскрсница Овче Поле) за што ќе се изврши промена на режимиот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението од АМСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот