Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
Велосипедистите бараа велосипедско поврзување меѓу Охрид и Струга но и патеки кон населбата Свети Стефан и Пештани. На денешната јубилејната Ипа велосипедска тура од Охрид до Радожда тие испратија порака за посериозно вложување во изградба на функционална и безбедна велосипедска инфраструктура во регионот.
Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Особено стариот пат Охрид-Струга е небезбеден каде за жал изминатите години имало сообраќајни несреќи со жртви.
Токму затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста.
Организаторите на 10-та по ред, меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид – Струга – Радожда.истакнаа да ваквите иницијативи имаат големо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во охридско-струшкиот регион, со што се придонесува за негово позиционирање на меѓународната туристичка мапа.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
