Вицепремиерот Маричиќ учесник на 18. Европски самит во Салзбург
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска учествува на 18.Европски самит во Салзбург, на покана на основачот и претседател на Институтот за региони во Европа (IRE), Франц Шаузбергер.
Вицепремиерот Маричиќ заедно со Никола Беер, заменик претседател на Европскиот парламент, Петер Лаунски-Тиефентал, генерален секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лилиана Павлова, заменик претседателка на Европска инвестициска банка и Марко Штуцин, државен секретар за европски работи и меѓународно право на Словенија, ќе биде говорник на панелот насловен: „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“.
![]()
На маргините на Европскиот самит, Маричиќ ќе оствари средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.
Официјалниот дел од Самитот ќе биде отворен од страна на домаќинот на Самитот, Франц Шаузбергер, претседателот на Институтот за региони во Европа, а панелот на кој учествува Маричиќ ќе започне со поздравни обраќања на Карл Нехамер, Канцелар на Австрија, Јоханес Хан и федерална министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Ештадлер.
Европскиот самит што се одржува по 18-ти пат оваа година, од 23-ти до 25-ти октомври 2022 година, е под покровителство на претседателот на Република Австрија, Александар Ван дер Белен и канцеларот на Република Австрија, Карл Нехамер. На истиот се очекува да има околу петстотини гости, многу значајни имиња од светот на политиката и над педесет меѓународни експерти, кои ќе земат учество на различните панел дијалози во следните два дена.
Учеството на вицепремиерот на овој Самит, кој годинава се одржува на тема „Европа и мир: „Визии за Европа: Очекувања и реалност“, претставува можност да се потврди јасната посветеност на Владата на патот на европската интеграција на Северна Македонија и нејзината решителност за исполнување на обврските од европската агенда.
Самитот отвара можност да се разгледаат и можностите за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа и за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.
Како и секоја година досега, Европскиот самит ќе биде емитуван во живо на Австриската телевизија и ќе се толкува на неколку јазици, а ќе може да се следи и на веб-страницата на IRE и на линкот http://www.salzburg-europe-
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
