Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта
Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување Ковид-19, како и протокол за активности во установите за згрижување и воспитување деца по престанување на траењето на вонредната состојба, протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение, за запишувањето ученици во средните училишта во учебната 2020/2021 година, протокол за Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во нивниот состав, при изведување на испитите и полагањето во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни).
-Активностите, начинот на работа и условите поврзани со воспитно-образовниот процес во сите установи за згрижување и воспитување деца – градинки и центри за ран детски развој се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за труд и социјална политика, кој е даден во Прилог број 9 и е составен дел на оваа одлука, наведуваат од Владата.
Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапката за запишување ученици во прво одделение во основните училишта и во прва година во средните школи за учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 10 и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година кој е даден во Прилог број 11 и се составен дел на оваа одлука.
Според Владата, активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапувањето на Математичко – информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат с о задолжително почитување на Протоколот за постапување на Математичко информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести ПР И Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, ко) е даден во Прилог број 12 и е составен дел на оваа одлука.
-Активностите, начинот на работа и условите поврзани со изведувањето на испитите во просториите на јавните и приватните високообразовни установи во Република Македонија, односно единиците во состав на истите се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав на истите при изведување на испитите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 13 и е составен дел на оваа одлука, информира владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески