Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
Пратениците ќе одлучуваат за судбината на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Владата донесе одлука да ја продолжи процедурата за негово разрешување која беше стопирана по трагедијата во Кочани. Во образложението Владата вели дека сторил професионални грешки со кои се нарушила ефикасноста на обвинителството.
До овој момент одлуката на Владата не е пристигната до Собранието. Коцевски, пак, неколку часа пред да биде објавен предлогот за негово разрешување, рече дека тоа е политичка одлука.. Смета дека единствен основ за негово разрешување е тој да има направено тешка дицциплинска постапка, која според Коцевски, не ја утврдил советот на јавни обвинители..
Опозицијата се уште нема став дали ќе поддржи разрешување на Коцевски, бидејќи се уште и го немаат видено владиното барање.
Експертите велат, новиот јавен обвинител ќе има тешка задача поради состојбите во Обвинителството. Но пратениците ќе мора да внимаваат каков човек ќе постават на оваа функција.
За Аврамовски е спорно што Владата ја продолжува старата постапка за разрешување која беше прекината бидејќи тоа може да се перципира и како уцена преку законски механизми. Вели, Собранието ќе мора многу да внимава на самата постапка, и на разрешување на Коцевски, но и на избор на нов Државен јавен обвинител.
Коцевски со Државното јавно обвинителство раководи од февруари лани. Беше избран со 62 гласа од претходно парламентарно мнозинство.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
