-->
-->
Владата ќе ја одржи 113-тата седница
-->
Владата на Република Македонија денеска, 19.10.2021 година (вторник) ќе ја одржи 113-тата редовна седница, со неколку точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, на дневен ред за разгледување е Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.
За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера