ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува под никакви притисоци
ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и, како што наведува, „најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и БЕСА“.
- ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира ДИК да не подлегнува под никакви притисоци и да не влегува во ничии сценарија за постизборен инженеринг со кој би се оспорила волјата на 455.000 македонски граѓани со чии гласови ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник. Целата домашна и меѓународна јавност беа сведоци дека предвремените избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера без ниту еден инцидент. Изборите во неделата јасно ја одразија волјата на мнозинството од македонскиот народ кој се одлучи за излез од кризата и одбра проекти и реформи наместо деструкција, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата наведува дека Државната изборна комисија има една и единствена обврска - да ја верификува волјата и одлуката на мнозинството граѓани. Државната изборна комисија, додава ВМРО-ДПМНЕ, не смее да подлегнува на притисоците од страна на сценаристите кои сакаат да спроведат постизборен инженеринг.
- Повеќе од очигледен е договорот меѓу СДСМ и БЕСА за извртување, поништување и фалсификување на волјата на мнозинството од македонскиот народ, нешто што кореспондира со вчерашната прес конференција на Зоран Заев и нешто што очигледно не е само негова одлука. Сосема е јасно дека приговорите се целосно неосновани и дека се пуштени за избирачки места на кои немало никакви забелешки во записниците и места на кои немало никакви нерегуларности. Единствениот критериум по кој се одбирале местата за кои се упатени забелешките е математиката во постизборниот инженеринг која кажува дека со дополнителна трговија со гласови, би можела да биде заобиколена волјата на мнозинството, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата наведува дека тоа е незаконски и дека за таквите постапки кривично се одговара, додавајќи дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску ја следи ситуацијата.
- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа седница на којашто беше разговарано за актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на официјализирањето на изборните резултати. Извршниот комитет заклучи дека волјата на граѓаните на предвремените парламентарни избори беше јасно изразена и недозволиво е кој било да си поигрува и да го фалсификува гласот на народот. ВМРО-ДПМНЕ и 25-те партии од Коалицијата за подобра Македонија нема да дозволат изигрување на изборната волја на мнозинството граѓани во Република Македонија, стои во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека