ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Николовски зема кеш без да издава фискални, а УЈП трет ден молчи и не реагира
Сања Лукаревска трет ден молчи и не реагира за скандалот со кеш наплатите на фирмата на братот на Љупчо Николовски „Лариком Импекс“, која зема кеш без да издава фискални сметки, што е целосно нелегално и подлежи на казна.
Но казна е мисловен поим кога станува збор за фирми од власта. Секој друг граѓанин да го направеше делото кое го направил братот на Николовски, до сега ќе го посетеа сите инспекции, ќе платеше казни, и ќе беше затворен.
Дали Сања Лукаревска молчи и мисли дека случајот со нелегалната наплата на Лариком Импекс ќе се заборави? Дали институциите под раководство на СДСМ свесно молчат? Тие треба да знаат дека со нереагирање прават криминал, за кој ќе одговараат.
А Љупчо Николовски наместо да се крие во Влада, да покаже доблест и да си даде оставка, како институциите ќе можат да фо истражат случајот до крај, без да трпат притисоци од Николовски.
Истовремено ја повикуваме и ДКСК веднаш да отвори случај против Николовски и да се утврди дали „Лариком Импекс“ работела нелегално заради политичка заштита од Љупчо Николовски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата