ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда
Хунтата ја уништи демократијата и правната држава. Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв.
Судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичност се страни поими за правосудниот систем под контрола на хунтата.
Правосудните органи се користат како средство за замолчување на слободномислечките граѓани, партиските опоненти и искрените патриоти. СДС во 21 век, среде Европа повторно ја оживеа инквизицијата, неосновано затворајќи го секој еден кој не се согласува со нивните политики.
Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата.
Неосновано е обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело. Хунтата тоа го знае, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори.
ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане. Потребно е национално помирување, а не поделби и леење зла крв во македонското општество.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 - 17 часот:
- Крстосницата кај „Мавровка“;
- Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
- Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд