ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Заев - Мијалков се повеќе излегува на виделина
Коалицијата Заев - Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се на секаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камери? Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција.
Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка Фолксваген пасат? И каде бил претходно?
Две минути откако се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде.
Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО.
Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа