ВМРО-ДПМНЕ: Контурата на октоподот се гледа, а сите знаеме дека главата на октоподот е Зоран Заев
На чело на криминално рекетарската банда на СДСМ е Зоран Заев. Лажните вести, манипулациите и смешните оправдувања не може да ја потиснат вистината за „Рекет“, а тоа е дека Јанева, Милевски и Кичеец рекетирале 10-тици македонски бизнисмени за суми кои надминуваат 20 милиони евра. Тие биле под заштита и во контакт со Зоран Заев и власта на СДСМ.
Блискоста помеѓу Зоран Заев, Катица Јанева и останатите актери во случајот е јасна. Македонската јавност е информирана за тајните средби на Зоран Заев со Катица Јанева. македонската јавност е информирана за тајните средби на Вице Заев со Зоран Милевски Кичеец. Македонската јавност е информирана и за средбите на Кичеец со Зоран Заев, а сите се сеќаваме и на фотографиите на Бојан Јовановски во премиерскиот кабинет.
Од разговорите кои протекоа во јавноста знаеме дека Зоран Заев бил информиран за нелегалните активности на Меѓународниот сојуз кој што работел со локални бизнисмени во државата.
Правосудството е под целосна контрола на Зоран Заев и токму поради оваа причина никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало со рекетот.
Контурата на октоподот се гледа, а сите знаеме дека главата на октоподот е Зоран Заев. Вистината за „Рекет“ ќе се дознае, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг