ВМРО-ДПМНЕ: Нема пасоши, регистарски таблички и свидетелства, со Заев државата не функционира
Нема пасоши, регистарски таблички и свидетелства, со Заев државата не функционира.
Илјадници граѓани цел месец не можат да извадат патна исправа, а Спасовски вели дека нема проблем. Системот е буквално закочен и не функционира.
Нема ниту регистарски таблички. Граѓаните чекаат и по повеќе од три недели за таблици. Наместо таблици добиваат потврди за движење кои важат само за Република Македонија, но не и за надвор од државата. Тие што имаат потреба од патување во странство, а купиле ново возило тоа не можат да го сторат затоа што Заев и Спасовски не си ја вршат работата.
Најголема трагедија е тоа што владата не обезбедила ниту свидетелства за учениците, па наместо бесплатно, училиштата ги наплаќаат.
Државниот апарат под капата на Заев буквално не може да ги пружи услугите кои со закон е должен да ги врши.
Ваквата неспособност ги чини граѓаните и време и пари, а државата ја чини репутација.
Време е да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест