ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски фрлил народни пари, за систем кој осум месеци не е во функција
Секој ден нов скандал. Драги Рашковски како генерален секретар на владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари, а МВР не знаат ниту дека истиот постои.
Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција.
Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е приоритет во време на пандемија, туку истиот сега воопшто не е во функција. Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор.
Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи.
Драги Рашковски да каже, зошто го набавил софтверот, ако МВР не знаат за него, тоа значи дека воопшто не го ни побарале. Кого прашал Рашковски и врз база на која анализа и потреба е купен софтверот?
Дали набавката на софтверот е уште еден “Леонардо вил вин”?
Ја повикуваме МВР веднаш да каже дали нарачеле софтвер од Рашковски, и дали тој за тоа добил овластување од влада.
Владата да каже како во време на пандемија воопшто дозволиле набавка на неприоритетна опрема?
Колку вакцини можеле да се купат со парите кои Рашковски ги фрлил за софтверот кој никој не го користи?
ЈО да го испита случајот и да се види целиот процес при набавка. А доколку се колеба и е во сорабтка со Заев тој ќе биде истражен по промената на власта наскоро. Одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг