ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги затвора граѓаните дома, а ќе тера попис
Или колосална лага или колосална грешка, кој е Заев да се слуша со тајната британска служба замислете за вакцини.
Нема вакцини против корона ни на повидок, а Заев излегува и на телевизија кажува дека се зборувал со претставници на тајни служби?!
Знае ли овој човек што прави?!
Дополнително, Заев ќе тера попис, а во меѓувреме ги затвора граѓаните дома.
Граѓаните ги затвора, ама дома ќе им праќа невакцинирани попишувачи кои поминале кој знае колку домови.
А, вакцини нема ниту да за вакцинација на сиот медицински кадар, за останатите како возрасни, лица со хронични болници нема ни на повидок.
Тоа е таа политика на Филипче и Заев затвори ги граѓаните по домови, ама бркај си ги работите, пуштај им на граѓаните по дома невакцинирани попишувачи.
Тоа е план за ширење на короната, а не за спречување.
Помина повеќе од една година и поради неспособноста на власта короната само се шири.
Едноставно е, невозможно е да се затворат граѓаните дома, а власта да им праќа невакцинирани попишувачи и да си тера попис!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци