Во акција на Европол уапсени 39 лица поради трговија со луѓе
Во акција на полициската и разузнавачката агенција на Европската унија, Европол за разбивање мрежа за крумчарење мигранти на т.н. западнобалканска рута во рок од 36 часа се уапсени 39 лица, а приведени се 580 мигранти.
Во соопштението на Европол се наведува дека во таа акција учествувале полициските и пограничните служби на Австрија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Германија, Унгарија, Романија, Србија, Словенија и Швајцарија.
Целта на акцијата „Сироко-2“ била да се покрене размена на информации во реално време и исто таква полициска акција за откривање на активностите за крумчарење мигранти, наведува Европол и додава дека размената на податоци во реално време е едно од најдобрите полициски орудија за спречување на прекуграничните криминални активности.
Благодарение на таа техника, криумчарот, кој се обидел да побегне од Унгарија со шест илегални сириски мигранти е запрен во Австрија, по речиси филмската потера низ Словачка.
За време на спроведувањето на акцијата „Сироко-2“ воочена е зајкната активност на криумчарите на мигранти за западнобалканската рута, нагласува Европол.
Агенцијата наведува дека построгата гранична контрола во земјите од Југоисточна Европа предизвикала побарувачка на услуигите на криминалните мрежи, кои им ги нудат своите услуги на мигрантите, кои заглавиле во некои од земјите на патот кон западна Европа, каде сакаат да стигнат.
- Криминалните групи им ги нудат своите услуги на мигрантите, за да им овозможат продолжување на патувањето, од што остваруваат значителен профит. Се очекува натамошен раст на цените за крумчарење и оти искористувањето на мигрантите дополнително ќе се зголемува, како во транзитните земји, така и во земјите до кои сакаат да стигнат. Полициите на Европа можат да се борат против овој феномен само ако ги здружат силите, изјави директорот на Европол Роб Вејнрајт.
Ново на Сител
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“
-
Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
-
САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари
-
Сарај ќе се приклучува кон градската водоводна мрежа, намалување на притисокот во водоснабдувањето на дел на Ѓорче Петров
-
Сончево и топло со променлива облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд