Во Албанија 135 новозаразени, шест починати од Ковид-19
Во Албанија и во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени, но и на оздравени од Ковид-19, а голем е и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување, јави дописничката на МИА од Тирана.
Според Министертвото за здравство и социјална заштита, од направените 860 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 135 од нив, што значи 16 отсто од тестираните случаи се позитивни.
-Со последно направените, до сега тестирани се вкупно 67.057 лица, позитивни биле 10.102, во списокот на оздравени се впишани 5.976 (94 во последните 24 часа). Со починатите шест пациенти, во последното деноноќие, бројот на оние кои ја загубиле битката со опасниот вирус се зголеми на 312, додека активни на болеста се 3.814 лица, се наведува во соопштението на Министертвото.
Моментно во двете ковид болници се хоспитализирани 189 лица, од нив 12 се на интензивна терапија, додека четврица паценти се интубирани.
Меѓу починатите во последното деноноќие е 63 – годишна медицинска сестра и Зулиха Краја(78), познат хирург во пензија од Скадар, еден од основоположниците на современата хирургија во земјата.Таа по појавата на пандемијата се вратила да им помогне на колегите во Регионалната болница во овој град. И двете се заразиле од контакт со пациент.
Ново на Сител
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско