Во Црна Гора ќе се градат седум хотели во вредност од 190 милиони евра
Пет хотели во вредност од над 75 милиони евра ќе бидат изградени во северниот дел на Црна Гора, а уште два на приморјето.
Владата на Црна Гора досега вклучи седум проекти во списокот на развојни проекти од областа на туризмот, а првпат инвеститорите го препознаа потенцијалот на северот.
Вкупната вредност на седумте проекти надминува 190 милиони евра.
Хотелите ќе имаат вкупно 959 сместувачки единици, со што понудата на хотелско сместување од висока категорија ќе се зголеми повеќе од двојно.
„Со оглед на тоа што овие проекти ќе создадат можност за отворање 769 нови работни места, може да се констатира дека изразениот интерес досега го потврдува нашето очекување дека оваа програма ќе биде значаен поттик за целокупниот развој на Црна Гора, со акцент на развојот на помалку развиените локални самоуправи и нови вработувања“, се наведува во соопштението од Министерството за одржлив развој и туризам.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието