Во Франција почнува производство на заштитни маски, кои се менуваат после 100 носења
Француски индустријалци и научници најавија дека ќе започнат со производство на нов вид заштитна маска од коронавирусот, која може да се користи 100 пати без замена.
Маската, според Франс енфо, ќе се понуди на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра.
Меѓу истражувачите и експертите вклучени во проектот биле вработени во познатата „Мишлен“ (Michelin) и Центарот за атомска и алтернативна енергија (ЦЕА), кои основаа нова компанија наречена „VOC-Cov“.
ЦЕА ги стави на располагање своите научни и истражувачки ресурси, додека „Мишлен“ беше одговорна за изработка на прототипот на маската.
Пробна серија од 5.000 маски е веќе во фаза на изработка, а првите парчиња се очекуваат следната недела.
Планирано е да се произведат околу еден милион маски неделно ако пробната серија успее.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор