Во Италија недостасуваат вакцини, испораките намалени
Од првичниот ентузијазам за успехот на кампањата за вакцинација во Италија, досега против Ковид-19 се вакцинирани повеќе од милион луѓе, локалните медиуми даваат повеќе простор на фактот дека производителот на единствената вакцина што моментално се користи во Италија, Фајзер, го намалува бројот на испорачани вакцини.
Весникот „Месаџеро“ објави дека производителот „Фајзер-Бионтех“ самостојно и самоиницијативно одлучува за кои италијански региони ќе се намали бројот на испорачани вакцини.
Весникот пишува дека поради тоа, во прашање е втората задолжителна вакцинација на оние кои веќе ја примиле првата доза, а доколку не бидат вакцинирани по вторпат навреме, првиот дел од вакцинацијата ќе биде изгубен.
Исто така, весникот открива дека во таков случај, државите кои имаат потпишано договори за набавка на вакцината Фајзер не можат да влијаат врз динамиката на испорака, бидејќи тоа не е предвидено во договорот.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција