Во китовите од Средоземно Море пронајдено алармантно количество пластика
Светската организација за заштита на природата (WWF) соопшти дека нејзиното ново истражување, кое вклучува обдукција на китови од Средоземно Море, покажало алармантно количество на микропластика во тие животни.
На Светскиот ден на океаните и по повод првата конференција на ОН за океаните, која се одржа во четвртокот во Њујорк, организацијата нагласи дека открила „нови докази за контаминација на китовите со пластика во Медитеранот“.
Светската организација за заштита на природата со новото истражување покажала влијание на загадување од пластика во северозападниот дел на Средоземно Море.
- Експерти на WWF ги анализирале биопсиите на речиси 100 морски цицачи (три видови на китови) кои живеат во засолништето за морски цицачи Пелагос, најголемо заштитено подрачје на Медитеранот, меѓу континенталниот дел на Италија, Франција и островот Сардинија, наведува организацијата.
Светската организација за заштита на природата објаснува дека „истражувањето покажало висока контаминација на китовите со фталати“.
- Фталатите се една од компонентите на пластиката, а обично се наоѓаат во амбалажата, завесите за туширање, каблите, лаковите, лековите, боите итн. Се наоѓаат и во козметиката, на пример лаковите за нокти или коса, како и во парфемите. Просечната концентрација на ДЕХП (најтоксичниот фталат), пронајдена во сувото ткиво на китовите, изнесува 1.060 микрограми во килограм, а се смета дека е висока кога е над 300 микрограми, се додава во соопштението на WWF.
Фталатите се отровни за луѓето и животните, со можни штетни последици врз плодноста и развојот на фетусот.
- Се претпоставува дека тие предизвикуваат ендокрини нарушувања, а некои од нив се класифицирани како канцерогени. Во светот денес се произведуваат три милиони тони фталати годишно, објаснува организацијата.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“