-->
-->
Во Куманово по 11. пат „Рома труба фест“
-->

На градскиот плоштад во понеделник ќе се одржи 11-от Меѓународен фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест 2016“, најавија на денешната прес конференција, надлежните од локалната власт на Куманово и организаторите на фестивалот, ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“.
Годинава публиката ќе има можност да проследи настапи на седум дувачки оркестри и пејачи од Македонија и соседна Република Србија.
Организаторот и локалната власт ги повикаа кумановци да присуствуваат на фестивалот и да уживаат во звуците на трубата.
-Секоја година настојувам да бидат присутни сите најголеми оркестри и некои пејачи, ѕвезди во Македонија. Оваа година се знае тука е Џамбо Агушев , кралот на ромската музика, единасет години е со нас заедно, со него ќе настапи и Стојне Николова. Тука е Мартија Станојковиќ, Мите Стоилков, кралот на ромската музикам Ферус Мустафов и Горан Кукиќ. Од оркестри гости од Србија ќе бидат „Дарко Станковиќ“, „Исидор Зечировиќ“ и „Саша Павловиќ“, изјави директорот на фестивалот Самет Салиевски.
Тој додаде дека од македонските оркестри освен Џамбо Агушев ќе настапат и „Уска Кан Кантуров“ од Берово, „Кемал Асанов“ од Струмица и „Млади таланти’ од Штип. Манифестацијата, е дел од годишната програма на секторот за култура за 2016 година и се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на општината. За таа цел од буџетот се одвоени 60.000 денари.„Рома Труба Фест“ се одржува и со поддршка на Министерството за култура.
-Оваа традиција Куманово ја негува благодарение на активноста на ансамблот „Рушит Шакир“, бидјеќи овој тип на музика е поблизок до ромската заедница, така што ова друштво кое се занимава со фолклорот на некој начин го етаблира овој фестивал на картата на Македонија и мислам дека едно од попрестижни во регионот, бидејќи во Макеоднија ваков фестивал не се одржува, истакна градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Меѓународниот фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест 2016“ ќе започне на градскиот плоштад во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
-

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина | ВИДЕО
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
