Во Македонија и Србија доаѓа нова смена чешки полицајци
Во Македонија и Србија пристигнува нова смена од 55 чешки полицајци, кои што треба да помогнат на балканската мигрантска рута. Чешките полициски сили ќе бидат распределени во Гевгелија и во Неготин до 14 мај.
Заменик шефот на чешката полиција-генералот Мартин Вондрашек на испраќањето на 40-те чешки полициајци кои синоќа отпатуваа за Македонија и 15 за Србија, изјави по повод информациите на германските разузнавачки служби за заканите за повторното заживување на балканската рута, дека анализите го покажуваат спротивното, дека балканската рута се повеќе се затвара и дека главните мигрантски траси се на средозомното море.
- Според анализата на Фронтекс балканската траса се повеќе се затвара, иако на нејзе ќе има влијание претстојното убаво време. Ако некаде е забележано значително зголемување на премини, иако вкупно гледано малку, тоа е патот кој води од Северна Африка преку Шпанија, изјави Вондрашек за чешкиот весник Блеск.
Додаде дека во моментов главната траса води преку Средозомното Море, кон италијанскиот острв Лампедуза.
Заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Зматик изјави дека минатата смена на чешките полицајци во Македонија за шест недели спречила 306 нелегални обиди за влез од Грција во Македонија.
Чешка на балканската траса од почетокот на мигрантската криза има испратено над 800 полицајци, а последните смени во Македонија и Србија каде работат врз база на билатералните договори меѓу овие земји, имаат најсовремена опрема и специјално опремени теренски возила набавени од чешката влада.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите