Во ноември од СВР-Тетово изречени 1835 казни поради сообраќајни неправилности
Во ноември годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 36 редовни и акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1835 различни видови неисправности, информираат од тетовската полиција.
Според отсекот за аналитика при СВР Тетово, во контролните активности, реализирани во минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 77 возила, од кои 15 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 15 поради утврдена техничка неисправност, едно нерегистрирано возило, 27 со непрописно вградени фолии, две со несреден товар и едно поради претовар.
-Во ноември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 195 возачи, од кои 129 управувале без возачка дозвола, 35 под дејство на алкохол, 22 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 3 со несоодветна категорија и 6 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 2 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци, соопштија од СВР Тетово.
Полицајците од станицата за безбедност на патниот сообраќај во ноември годинава изрекле и вкупно 462 мерки за неприспособена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење, 16 за непрописно престигнување, 34 за недавање првенство на пешаци и други мерки.
СВР Тетово воедно евидентира дека „пајак-служба“ во ноември вкупно подигнала 652 непрописно паркирано возило, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фреквенција на возила и пешаци.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден