-->
-->
Во Нов Зеланд запленет кокаин во вредност од десет милиони долари
-->
Новозеландската полиција денеска соопшти дека запленила кокаин во вредност од над десет милиони американски долари, кој бил сокриен во голема скулптура на глава на коњ, опточен со дијаманти, а која стасала од Мексико.
Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Нов Зеланд. Криумчарите кокаинот го намениле за продажба во градот Крајстчерч, каде голем број работници од странство работат на обнова на објектите урнати во големиот земјотрес во 2011 година.
Пратката тешка 35 килограми стасала од Мексико во Оукленд во мај, а полицијата, после истрагата која траела месец иполовина, во тој новозеландски град уапсила еден Мексиканец и еден Американец, а во Крајстчерч уште еден Мексиканец и сега соопшти за заплената.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис