Во САД почна тестирањето на вакцина за коронавирусот
Американските научници ја почнаа првата фаза од тестирањето на вакцината за коорнавирусот врз луѓето, во надеж дека во рекорден рок можат да ја развијат потенцијалната вакцина против Ковид-19.
Првите инјекции ги примија здрави волонтери на Институтот за истражувања „Кајзер перманенте“ во Сиетл, пренесе Гласот на Америка.
-Ние сме сега тим за коорнавирусот. Сите сакаат да направат што можат во оваа вонредна сосотјба, рече шефицата на истражувањата Лиса Џексон.
Ова е само почеток на серијата експерименти врз луѓето, со цел да се покаже дали вакцините се сигурни и дали воопшто се ефикасни. Дури и да се покаже дека е се во ред, инјекциите нема да влезат во употреба во следната година, една и пол година, изјави Ентони Фауци од американскиот Национален институт за здравје.
Сепак, изнаоѓањето на вакцината е многу итно и приоритет за јавното здравје, рече Фауци и наведе дека ова е првиот чекор во тој правец.
Американски новинари присуствувале на првото вакцинирање, кога меѓу првите волонтери се појавила и менаџерка во мала ИТ компанија. Пред неа, како што наведуваат американските медиуми, биле уште три лица во тестот за кој се пријавиле 45 волонтери, кои ќе примат две дози вакцина во период од еден месец.
-Не знам што можам да направам. Ова е одлична можност за мене да направам нешто, рече Џенифер Холер од Сиетл, додека чекала ред да ја прими вакцината.
Вакцината со кодно име mRNA-1273, се прави во соработка со Националниот институт за здравје и биотехничката компанија Модерна. Инк од Масачусетс.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден