Во Скопје 31 сообраќајка за велигденскиот викенд, еден потешко повреден
Едно лице е потешко повредено, а 27 се здобиле со полесни повреди во 31 регистрирана сообраќајна несреќа во изминатите четири дена во Скопје.
Како што соопшти СВР Скопје, од евидентираните девет сообраќајки во петокот, во една со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, во четири полесно се повредени четири лица, а четири незгоди се со последица материјална штета.
Во саботата исто така се случиле девет сообраќајни незгоди, при што во четири несреќи полесно се повредени седум лица, а во пет сообраќајки причинета е материјална штета.
Во неделата во Скопје се регистрирани 10 сообраќајки, пет со материјална штета и пет со последица телесни повреди, при што полесно се повредени осум лица.
Вчера во Скопје се регистрирани три сообраќајки, една со полесно повредени четири лица и две со последица материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, 15 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 19 биле непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 12 непрописно паркирани возила.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот