Во текот на денешниот ден вакцинирани 267 деца со МРП вакцина
Министерството за здравство информира дека денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Имено, како што известуваат оттаму, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај на дете се прават дополнителни лабораториски испитувања.
Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Оттаму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.
Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом – Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.
Од Министерството напоменуваат дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата „GlaxoSmithKline“ од Белгија.
Екипа од МИА денеска ја посети Поликлиниката „Јане Сандански“ каде од Д-р Даниела Марковска не информира дека на Поликлиниката од утринава се вакцинирани 70 дечиња, но како што наведе се уште има турканици и тековна вакцинација во диспанзерите за основните дози на примоимунизација со петовалентни и шестовалентни вакцини.
-Родителите го сфатија бенефитот од вакцинацијата, имаме дечиња кои се вакцинираат со цел да се спречи епидемијата. „Заштити, спречи, вакцинирај“ е мотото на Европската недела на имунизација со тоа што самите родители треба да го препознаат фактот дека мора да ги носат децата на вакцинација со цел редовно да се заштитат од заразни заболувања, изјави Д-р Марковска.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево